ЕДНИОТ ОД ЗАСТРЕЛАНИТЕ НА ХАЛКИДИКИ Е ВОН ЖИВОТНА ОПАСНОСТ Информација од МНР за состојбата на македонските државјани
Веднаш по вчерашниот настан службите на двете земји се во постојана комуникација и разменуваат информации во полза на истрагата и расчистување на случајот, се вели во соопштението на МНР.
По вчерашниот инцидент, Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун соопштија дека се во постојана комуникација со официјалните претставници на институциите на Грција и за сите промени редовно известуваат во централата на Министерството за надворешни работи во Скопје.
Според информациите добиени од Генералниот конзулат во Солун, кој е во редовна комуникација со болницата каде е хоспитализиран повредениот од вчерашниот инцидент во Халкидики, повредениот е во стабилна состојба и е надвор од животна опасност.
Дипломатско-конзуларната мрежа на Северна Македонија во Грција е активна, и покрај редовните известувања, стои на располагање и за евентуални потреби на нашите институции.
Според информациите добиени од Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија, во делот на оперативната соработка веднаш по вчерашниот настан службите на двете земји се во постојана комуникација и разменуваат информации во полза на истрагата и расчистување на случајот, се вели во соопштението на МНР.