ЕДНАТА ЛИБИСКА ВЛАДА И ИСПРАТИ ПОМОШ НА ДРУГАТА Во катастрофалната поплава загинаа над 5.200 луѓе
Премиерот на либиската влада на национално единство со седиште во Триполи, Абдул Хамид Дбеибах, изјави дека авион со медицински персонал и 14 тони залихи бил испратен во источниот град Бенгази.
Меѓународно признатата влада на Либија, која делува од главниот град Триполи, испрати авиони со хуманитарна помош во источниот дел на земјата со кој управува ривалскиот парламент, јавува Би-би-си.
Премиерот на либиската влада на национално единство со седиште во Триполи, Абдул Хамид Дбеибах, изјави дека авион со медицински персонал и 14 тони залихи бил испратен во источниот град Бенгази.
Паралелниот либиски парламент – Претставничкиот дом со седиште во источниот дел, формиран од премиерот Осама Хамад, првично нудеше насоки само за луѓето во нејзина јурисдикција.
Денешниот пакет помош беше единствен знак на солидарност и немаше други индикации за можна соработка.
Повеќе од 5.200 луѓе загинаа, а најмалку 10.000 се водат како исчезнати во катастрофалната поплава што го зафати источниот дел на Либија.
Најголема штета претрпе источниот крајбрежен град Дерна, каде попуштија браните, а поплавата, според надлежните, збриша најмалку една четвртина од градот.
Либија е политички поделена меѓу истокот и западот, а јавните служби се распаднаа по бунтот поддржан од НАТО во 2011 година, кој поттикна долгогодишен конфликт. Меѓународно признатата влада во Триполи не ги контролира источните области.