ЕДНАШ РЕКОЛ ДЕКА СТУДИРАЛ, ДРУГПАТ ДЕКА ВОЈСКАТА НЕ БИЛА ЗАДОЛЖИТЕЛНА Ковачки упати ново прашање до Ковачевски

Пратеникот Ковачки повтори дека Ковачевски треба веднаш да си даде оставка од премиерската позиција затоа што, како што рече, е „трајно неспособен“ да ја извршува функцијата премиер.

348

Kога премиерот Димитар Ковачевски ја лаже јавноста – кога вели дека е трајно неспособен поради медицинска евиденција од пред 20 години или кога вели дека дезертирал зашто учел факултет, праша денеска Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Вчера и дезертерот Ковачевски призна дека бил трајно неспособен поради медицински операции. Тој кажа, цитирам: „Никогаш ниту сум избегнувал ниту бегал од одговорноста за служење на воениот рок. Се злоупотребува последователна хируршка интервенција од пред 20 години“. Но, пред само 6 месеци на прашањето дали служел воен рок, тој кажа дека не служел затоа што бил на студии, а кога завршил со студирањето повеќе немало обврска за служење војска – рече Ковачки.






Тој повтори дека Ковачевски треба веднаш да си даде оставка од премиерската позиција затоа што, како што рече, е „трајно неспособен“ да ја извршува функцијата премиер.

Трајната неспособност не може да се отклони, последиците од неа може само да се влошуваат. Ова е втор претседател на СДС, кој е неспособен, првиот беше Заев. И едниот и другиот се штета за Македонија – додаде Ковачки.

Поврзани содржини