Под мотото „Еднакви и моќни“ членки на Форумот на жени на СДСМ од цела држава маршираа од Паркот на револуцијата, Могилата на непобедените до музејот „11 Октомври“ во центарот на Прилеп.
Претставнички на членките на Форумот на жени и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски положија свежи цвеќиња и се поклонија пред споменикот Жена борец во Паркот на револуцијата.
Со пораки за родова еднаквост на жените и мажите од бината пред Меморијалниот музеј е во тек обраќањето на претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски кој меѓу другото ја нагласува големата улога на жените работнички, земјоделки, успесни жени, а родовата еднаквост е општествено прашање.
Министерката за труд и социјала, Јована Тренчевска, порача дека со макотрпна работа успеале да воведат целосна родова еднаквост во органите на СДСМ.