ЕДНА ЗЕМЈА, ДВА СИСТЕМИ Кина пак испрати воени бродови околу Тајван

Кина го смета Тајван за своја територија според системот „една земја, два системи“.

161

Кина денеска повторно испрати воени бродови, хеликоптер и борбен авион во близина на Тајван, втор ден по средбата на тајванската лидерка и претседателот на Претставничкиот дом на САД, соопшти тајванското Министерство за одбрана.

Три кинески воени бродови поминаа низ водите околу автономниот остров, соопшти Министерството, додавајќи дека борбен авион и хеликоптер поминале низ зоната за воздушна одбрана на Тајван.






Тајван вчера забележа три кинески воени бродови и хеликоптер, а на 5 април неколку часа пред средбата во Калифорнија помеѓу Цаи Инг-вен и Кевин Мекарти и кинескиот носач на авиони Шандонг помина низ водите југоисточно од Тајван кон западен Пацифик.

Цаи е на еднонеделна турнеја низ САД и Централна Америка.

Тајван е самоуправен регион со демократски избрана администрација уште од граѓанската војна во Кина во 1949 година, а комунистичка Кина овој остров го смета за своја територија и смета дека секоја интеракција меѓу тајванските и американските претставници е закана по нејзиниот суверенитет.

Кина го смета Тајван за своја територија според системот „една земја, два системи“.

Поврзани содржини