ЕДНА СЛИКА ИЛЈАДА ЗБОРОВИ Богоев објави слика која ја отсликува состојбата во СДСМ

Постот на Богоев, предизвика реакции од поддржувачи на социјалните мрежи.

14,065

Поранешниот потпретседател на СДСМ кој беше и директор на Царинската управа, Стефан Богоев на својот Фејсбук профил објави дел од слика од Библијата за крстоносците позната како Библијата на Морган која  предизвика различни коментари на социјалните мрежи кои ја поврзаа со партиската војна во рамки на опозициската СДСМ.

„И ова е добро, барем ќе се исчисти дворот. И зашто на Балканот немало кралевина, зашто сите сакале да бидат кралеви. Така и во сдсм. Секој може да биде претседател, секој може да биде пратеник, министер, директор, градоначалник, претседател на општинска и месна организација итд а да го ставиш на кантар, не тежи ни грам“, стои во еден од коментари.






„ Се треска од глава унапредувањето на кодоши и сончогледи а? Сурова реалност…“.

„Тоа е вистинската слика за жал затоа сме на ова дереџе…“

 

Поврзани содржини