Една победа ја дели Шкендија од шампионскиот трофеј

231

Фудбалерите на „Шкендија“ се наоѓаат пред освојување на шампионскиот трофеј во Првата македонска лига, откако попладнево ја совладаа „Беласица“ на гостински терен и ја задржаа предноста од 13 бода во однос на „Шкупи“. На тетовци им е потребна само една победа во преостанатите пет кола за да ја обезбедат титулата.

Бодовите на гостински терен попладнево ги освои и „Шкупи“ во дебито на клупата на чаирчани на Гоце Седлоски.






Академија Пандев беше убедлива во пресметката со „Вардар“ кој е пред преселба во Втора лига.

Резултати на средбите од 28. коло во ПМФЛ играни попладнево:

Академија Пандев – Вардар 3:0
Беласица – Шкендија 0:3
Борец – Шкупи 0:1
Работнички – Македонија ЃП 2:2
Струга Трим Лум – Пелистер 3:0.

Вчера: Ренова – Силекс 2:1.

Табела: Шкендија 65 бода, Шкупи 52, Македонија ЃП 48, Струга Трим Лум 44, Работнички 41, Пелистер 35, Академија Пандев 34, Борец 33, Ренова 31, Силекс 29, Вардар 28 и Беласица 17.

Поврзани содржини