ЕДНА ОД ТРИТЕ УБИЕНИ ЖЕНИ ВО РИМ БИЛА ПРИЈАТЕЛКА НА ПРЕМИЕРКАТА МЕЛОНИ „Не е во ред да се умре вака“
Емотивна разделба на Инстаграм на Мелони од нејзината несреќна пријателка Николета Голисано.
Една од трите жени, кои беа убиени денеска во Рим, кога маж отвори оган со пиштол на состанок на жителите на една станбена зграда, нила пријателка на италијанскката премиерка Џорџа Мелони,.
Мелони на Инстаграм објави фотографија на која е со Николета Голисано, една од жртвите.
– Николета беше мајка, искрена и пријателка, силна и кревка жена во исто време. Но, таа беше пред се професионалец со необично чувство за должност. Тоа чувство на должност ја донесе таму, во неделата наутро, каде што беше убиена заедно со уште две жени. Николета ми беше другарка. Зад себе го остави сопругот Џовани и прекрасниот десетгодишен син Лоренцо – напиша Мелони.
Човекот кој ги уби овие три невини жени и повреди уште три лица е уапсен.
– Се надевам дека правдата ќе си го земе својот тек што е можно поскоро. Сепак, зборот „правда“ не може да се поврзе со оваа приказна. Затоа што не е во ред да се умре вака – напишала Мелони покрај фотографијата.
Полицијата уапсила 57-годишен маж кој бил совладан од други жители, по пукањето на состанок во кафеана во населбата Фидене.
Осомничениот, кој живеел во областа, бил вмешан во серија расправии со здружението на станари, изјавил очевидец.
– Влезе во собата, ја затвори вратата и извика „сите ќе ве убијам“, а потоа почна да пука – изјавил друг очевидец за агенцијата Анса.
Во престрелката се повредени четири лица, од кои едно се здобило со тешки телесни повреди.
View this post on Instagram