ЕДНА ОД НАЈВЛИЈАТЕЛНИТЕ ФИЛМСКИ ИКОНИ ВО СВЕТОТ Е МАЈКА НА НОВИОТ ЊУЈОРШКИ ГРАДОНАЧАЛНИК Еве која е Мира Заир

Зохран Мамдани (34), победи на изборите за градоначалник на Њујорк, прв градоначалник од муслиманска вероисповед и најмладиот во последните сто години. Оние што го следат дури неодамна сфатија дека неговата мајка е успешна режисерка која е заслужна за големи филмски хитови.

1,963
Првиот њујоршки градоначалник од муслиманска вероисповед и најмладиот во последните сто години демократскиот социјалист, Зохран Мамдани (34), го привлече вниманието на јавноста за време на својата кампања и ги воодушеви граѓаните на Њујорк.
Мамдани се залагаше за бесплатен јавен превоз, даноци за богатите и повеќе социјални станови. Тој стана исклучително популарен на социјалните мрежи, со што се приближи до помладите генерации и стана една од највидливите демократски личности во САД.
Зохран има и фасцинантна позадина, а оние што го следат дури неодамна сфатија дека неговата мајка е успешна режисерка која е заслужна за големите филмски хитови.
Станува збор за Мира Наир, една од најважните женски авторки на глобалниот југ, која создава филмови што се занимаваат со теми за имиграција, љубов, традиција, родови улоги…
Мира е родена на 15 октомври во Руркела, Индија, и пораснала во образовано семејство. Нејзиниот татко бил државен службеник, нејзината мајка социјална работничка, што влијаело врз нејзината чувствителност кон социјалните теми во филмовите.
Наир се заинтересирала за театарот и социјалните прашања во детството, а по завршувањето на училиштето во Делхи, се запишала на студии по социологија и театар на Харвард. Како студентка, таа почнала да ги снима своите први документарци со теми од секојдневниот живот и за невидливите слоеви на општеството. 
Стекнала светска слава со играниот филм „Салаам Бомбај!“ од 1988 година, во кој ги прикажа животите на децата од Мумбај. Филмот ја освои Златната камера и беше номиниран за Оскар во категоријата најдобар странски филм. Таа ги режираше и филмовите „Мисисипи Масала“ (Mississippi Masala), „Монсунска свадба“ (Monsoon Wedding”), „Имењачка“ (The Namesake) и „Кралицата на Катве“ (Queen of Katwe), филм во кој Зохран исто така имаше улога.
Мира стана многу влијателна во филмската индустрија и затоа што е ментор на помлади режисери. Таа го основала училиштето „Маиша Филм Лаб“ во Уганда, кое им помага на африканските и јужноазиските автори.
Што се однесува до нејзиниот приватен живот, Мира била во брак со Мич Епштајн. Тие се развеле во 1987 година, по што Наир се запознала со уганданскиот политичар од индиско потекло, Махмуд Мамдани. Двојката се венчала во 1991 година, а истата година го добиле своето единствено дете – Зохран.
Новиот градоначалник на Њујорк ги наследил своите политички ставови токму од својата мајка, која во 2013 година одбила покана за филмскиот фестивал во Хаифа, како знак на протест против политиката на Израел кон Палестинците.
Поврзани содржини