📷 ЕДНА ОД НАЈУБАВИТЕ ЖЕНИ НА СВЕТОТ СТАНА МАЈКА Мис Универзум роди ќерка 

Поранешната Мис Универзум и инфлуенсерка Оливија Кулпо ја објави убавата вест - таа и нејзиниот сопруг, ѕвездата на НФЛ, Кристијан Меккафри, станаа родители.

268

Поранешната Мис Универзум и инфлуенсерка Оливија Кулпо ја објави убавата вест – таа и нејзиниот сопруг, ѕвездата на НФЛ, Кристијан Меккафри, станаа родители. На Инстаграм, убавата Оливија сподели емотивни црно-бели фотографии од болницата, каде што се роди нивната прва ќерка, Колет.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Frances Culpo (@oliviaculpo)







На една од фотографиите, раката на бебето може да се види како лежи на ќебе, а на другата, новите родители позираат со Колет како го покрива лицето со раката.

„Колет има толку среќа што го има најдобриот татко на светот“, напиша Оливија на Инстаграм, додавајќи: „Љубов каква што нема друга“.

Оливија и Кристијан се заедно од 2019 година, а се свршија четири години подоцна во текот на одмор во американската држава Јута. Тие се венчаа во јуни 2024 година на интимна церемонија во Роуд Ајленд.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Frances Culpo (@oliviaculpo)


Пред свадбата, Оливија отворено зборуваше во реалното шоу „Сестрите Кулпо“ за своите стравови од ендометриоза и тешкотиите со кои може да се соочи при основањето семејство.

„Постојано се грижам. Имам чувство дека морам да имам деца што е можно побрзо“, рекла убавицата тогаш.

Само девет месеци по свадбата, Оливија ја објави својата бременост на Инстаграм со едноставната порака: „Ново поглавје – мајчинство“.

Подоцна откри дека одлучиле да не го откриваат полот на детето до раѓањето.

„Најважно е бебето да е здраво. Моја задача е да бидам што е можно поздрава и посвесна“, изјави таа за „Е! Њуз“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Frances Culpo (@oliviaculpo)

Поврзани содржини