ЕДНА ОД НАЈУБАВИТЕ ЖЕНИ НА СВЕТОТ СЕ РАЗВЕДУВА ПОРАДИ НЕВЕРСТВО Емили Ратајковски ја извади бурмата
Според пишувањето на порталот „Пејџ сикс“, Емили го иницирала разводот затоа што Себастијан наводно ја изневерил.
Една од најуспешните и најубавите манекенки во светот, Емили Ратајковски, наводно се разведува од сопругот Себастијан Бер-МекКлард, пишува „Пејџ сикс“.
Според пишувањето на споменатиот портал, Емили го иницирала разводот затоа што Себастијан наводно ја изневерил.
– Да, ја изневери. Тој е прељубник. Одвратно – рекол изворот.
Емили се уште не поднела барање за развод, а видена е без бурма.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Емили и Себастијан се венчаа во 2018. година, а во бракот го добија синот Силвестер.
Емили Ратајковски се породи пред нешто повеќе од една година, а извајаната фигура ја врати во рекордно време.
Всушност, само 12 дена по породувањето во март лани, таа објави провокативна фотографија во пижами на која се гледа нејзиниот гол, целосно рамен стомак, по што многумина почнаа да развиваат теории дека манекенката не била ниту бремена.
View this post on Instagram
Таа се породила на 8 март и родила син кој таа и нејзиниот сопруг Себастијан Бур Меклард го нарекле Силвестер Аполо.
„Силвестер Аполо Беар дојде на нашата планета. Тоа се случи на 8. март 2021. година во најнереалното и најубавото утро во мојот живот“, напишала тогаш Емили.
Тие се во брак од 2018. година, а таа ја објави бременоста во октомври 2020. година.