ЕДНА МУ ФРЛИЛА 900 ЕВРА ОД ТЕРАСА, ДРУГА ОСТАВИЛА 21.000 ЕВРА Две скопјанки измамени преку телефон со лажни сообраќајки
Вчера попладне, во 17.45 часот во СВР Скопје, 68-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 15.30 часот била измамена од машко лице за сума од околу 1.300.000 денари или за околу 21.000 евра.
Две скопјанки биле измамени преку телефонски повици за лажни сообраќајки поради кои биле наведени да платат пари за да спасат свои роднини.
Како што соопшти полциијата, на 17.07.2025 во 11.00 часот во СВР Скопје, 80-годишна жена од Скопје пријавила дека на 16.07.2025 била измамена од машко лице за сума од околу 900 евра.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете, кое починало и доколку не сака таа да лежи во затвор, требало да плати. Како што е пријавено, таа парите ги фрлила преку тераса, како што претходно ѝ кажало лицето, а подоцна сфатила дека била измамена.
Вчера попладне, во 17.45 часот во СВР Скопје, 68-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 15.30 часот била измамена од машко лице за сума од околу 1.300.000 денари или за околу 21.000 евра.
Лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар, вработен во Градска болница и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со повреди и дека треба да прави операција, а за тоа треба да се плати. Жената ги оставила парите на договореното место и подоцна сфатила дека била измамена.