ЕДНА ЛЕНТА ОД КИЧЕВО – ОХРИД БЛОКИРАНА ПОРАДИ ОДРОНИ Ништо страшно, ни останува другата лента од автопатот
На магистралниот пат Кичево – Охрид, кај село Врбјани од 12:30 часот сообраќајот на една коловозна лента е блокиран.
АМСМ извести дека причина за тоа се одрони на пат.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата