Една кинеска вакцина обезбедува антитела само половина година

Повеќето земји на своите жители им обезбедија трета доза од вакцините „Модерна“ и „Фајзер“ со цел зголемување на ефикасноста против делта сојот.

8,071

Антителата произведени по кинеската вакцина „Синовак Биотек“ против ковид-19 паднаа под клучниот праг за околу шест месеци по втората доза кај повеќето од оние кои ја примија, додека третата доза имаше силно стимулирачко дејство, според лабораториска студија.

Кинески истражувачи ги објавија наодите од студијата заснована на примероци од крв земени од здрави возрасни лица на возраст од 18 до 59 години, пренесува Ројтерс.






Меѓу учесниците кои примиле две дози, во период од две или четири недели, само 16,9 проценти и 35,2 проценти, соодветно, сепак имале неутрализирачки антитела што биле над она што истражувачите го сметале за праг што може да се открие шест месеци по вторите дози, се вели во студијата.

Индонезија и Тајланд веќе се согласија да дадат вакцини на „Модерна“ и „Фајзер“, како трета доза, на некои луѓе кои биле целосно вакцинирани со „Синовак“, поради загриженост за неговата ефикасност против преносливата делта варијанта на коронавирусот.

Турција започна да нуди трета доза „Синовак“ или „Фајзер“ на некои луѓе кои примиле две дози од вакцината „Синовак“.

На крајот на јуни, „Синовак“ испорача повеќе од милијарда дози вакцини, кои се клучни за имунизација во Кина, Бразил, Индонезија и Чиле.

Поврзани содржини