Една и пол година затвор доби дадилката што лани претепа дете во игротека во трговскиот центар „Капитол“ во Аеродром.
Вака одлучил Кривичниот суд откако дадилката ја признала вината. Сега предметот по жалба е во Апелацискиот суд кој ќе треба да одлучи дали оваа казна ќе остане иста или ќе се промени.
Малтретирањето на детето беше снимено од безбедносните камери на игротеката.
Видеото беше јавно објавено, по што обвинителството поднесе обвинение за дадилката.