ЕДНА ГОДИНА ЗАТВОР ЗА ПРЕДБРАЧЕН СЕКС Овој закон ќе важи и за странците во Индонезија

225

Индонезискиот Парламент се очекува овој месец да донесе нов кривичен закон со кој вонбрачниот секс ќе се казнува со казна до една година затвор.

Со ревизијата на законот ќе се забрани и навреда на претседателот и на државните институции и искажување ставови спротивни на државната идеологија на Индонезија. Забрането е и живеење заедно пред брак.






Се очекува дека новиот кривичен закон, подготвуван со децении, да биде усвоен на 15 декември.

Претходниот нацрт кодекс требало да биде усвоен во 2019 година, но предизвикал протести ширум земјата. Десетина илјади луѓе демонстрирале тогаш против низа закони, посебно против оние кои ги ограничуваат граѓанските слободи.

Критичарите велат дека од тогаш се направени минимални промени во кодексот. Некои измени кои се направени вклучуваат одредба која би можела да дозволи смртната казна да се замени со доживотна робија по 10 години добро однесување.

Криминализацијата на абортусот, со исклучок жртвите на силување, и затворските казни за црна магија, ќе останат во законот.

Законот, доколку биде усвоен, ќе важи и за индонезиските државјани и за странците.

Поврзани содржини