Една година затвор условно за скопјанецот кој преку Фејсбук му се заканувал на Заев

417

Кривичниот суд го казни со условна осуда одведна година затвор на скопјанецот кој преку Фејсбук му се закануваше на тогаш премиерот Зоран Заењв.

– Постапувајќи по Обвинителен предлог поднесен од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе првостепена пресуда со која обвинетиот Д.Д. е огласен за виновен за продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Пресудата е донесена по признание на вина од страна на обвинетиот 45-годишен скопјанец – велат од Обвинителството.






Во временскиот период од 23.07.2019 година до 24.07.2019 година, обвинетиот во повеќе наврати, со коментари на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна против оштетениот, тогаш вршител на функцијата премиер на Македонија. Со објавените фотографии и коментари тој директно повикувал на физичка ликвидација на оштетениот.

– Со донесената пресуда, Основниот кривичен суд Скопје на обвинетиот му изрече алтернативна мерка – условна осуда со која му утврди казна затвор од една година, која нема да се изврши доколку во следните три години по правосилоноста на пресудата тој не стори ново кривично дело., соопшти Обвинителството.

Поврзани содржини