ЕДНА ГОДИНА ВО НАТО Еве што се смени во Армијата на РСМ

„Криволак“ доби нова патна инфраструктура, а со помош на нашите стратешки партнери и сојузници, САД и нови вежбовни содржини кои беа уште еден прилог кон фактот дека овој полигон е навистина сеопфатен и уникатен во Алијансата.

538

Една година во НАТО, а Македонија веќе ги подобри условите за припадните на Армијата, армиските капацитети и доби подмладок од 300 нови војници, велат од Министерството за одбрана во соопштение. Секој припадник на Армијата сега има по две униформи, чизми, спортска опрема, Армијата има нова алпинистичка опрема, а секој припадник ќе има бесплатна исхрана со новата програма.

фото: МИА





„Условите за работа на војниците веќе ги менуваме – целосно беа реновирани големи објекти во касарната „Илинден“ каде веќе се сместени армиски единици, меѓу кои и гардата и ренџерите, а во тек се реконструкции на објекти во штипската касарна каде е лоцирана нашата НАТО единица“, се наведува во соопштението од МО.

Во однос на развојот на армиската инфраструктура, направени се првите чекори за развој на еко – одбраната. „Криволак“ доби нова патна инфраструктура, а со помош на нашите стратешки партнери и сојузници, САД и нови вежбовни содржини кои беа уште еден прилог кон фактот дека овој полигон е навистина сеопфатен и уникатен во Алијансата.

Во касарните во Петровец и во Куманово се менува начинот на загревање и преминуваме од загадувачки во еко-енергенс со што ќе се заштедат пари, но и драстично ќе се намали загадувањето предизвикано од затоплувањето на овие касарни. Овој амбициозен проект ќе продолжи да се реализира и во другите армиските касарни.

Армиските припадници, пак, особено оние кои се дел од Лесната пешадиска баталјонска група добија можност да се усовршуваат со најдобрите војници на Соединетите Американски Држави од Бригадата за асистенција на безбедносните сили.

Поврзани содржини