ЕДНА ГОДИНА СЕ БОРЕВМЕ, ЗНАЕВМЕ ДЕКА СЕ МАЛИ ШАНСИТЕ ДА ПРЕЖИВЕЕ Прва исповед на синот на Маринко Роквиќ по неговата смрт

Никола рекол дека чувствата и понатаму се измешани, како и дека се трудат да го зачуваат споменот на саканиот.

77

Од смртта на легендарниот пејач Маринко Роквиќ поминаа 40 дена, а неговиот син Никола Роквиќ проговори за тешката борба на својот татко и за болката низ која поминува семејството откако го изгубија саканиот сопруг, татко, брат, дедо…

Пејачот Маринко Роквиќ почина на 6 ноември на 68-годишна возраст по кратко и тешко боледување. Зад себе ги остави сопругата Славица и синовите Дарио, Марко и пејачот Никола.






На прашањето како ги пребродиле овие неколку недели по смртта на Маринко, Никола рекол дека чувствата и понатаму се измешани, како и дека се трудат да го зачуваат споменот на саканиот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Rokvic (@nikolarokvic)


– Откако Маринко си замина, многу нешта чувствуваме, има многу измешани емоции, сеќавања и, секако, состојбата на првиот шок влијаеше да се измешаат емоциите. Моето семејство чувствува голема љубов. Што го имавме, што го имаме за татко, сопруг, брат и дедо. Бев присутен кога се родија моите деца и кога татко ми си замина. Во тој момент чувствувате слична безгранична љубов кон најблискиот, која не ја чувствувате во текот на животот. Потоа доаѓа тага, празнина… Но, бидејќи имаме таков татко, неописливата болка во многу моменти се заменува со гордост, дури и со радосна тага – искрен бил Никола, а потоа се присетил на моментот кога на Маринко му беше дијагностициран рак, раскажал Никола за „Стори“.

– Една година се боревме заедно со Маринко против неговата болест и уште од самиот почеток знаевме дека има мали шанси да преживее. Но, не ја губевме надежта и се потпиравме на неговата сила и здравиот начин на живот што го водеше, како и на неговата неверојатна желба за живот и љубов кон сите нас. Во текот на животот исполнил сѐ што можеше. Дошол од мало место, Босански Петровац, на само 14 години во Белград, и направил сѐ што направил. Многу сум горд на него за сѐ што постигна, а најмногу сум горд на тоа како се справуваше со сѐ во последната година. Никогаш не заплака, а тоа е израз на витештвото и тоа е поголемо од херојство. Нѐ заштити од неговите маки и болки без да ни каже колку му е тешко. Ние направивме сѐ што можевме, а и тој исто така, но противникот беше многу посилен. Верувам дека татко ми сега е на некое поубаво место – рекол Никола и открил како реагирале неговите деца на веста дека дедо им починал:

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Rokvic (@nikolarokvic)

– Во некои моменти Деспот се налутеше на дедо му што си замина, па рече дека ќе стане научник и ќе најде лек за смртта за да го врати дедо му. Леона вели дека нејзиниот дедо отишол во рајот и дека „амин“ (така го нарекува Бог) го штити дедо му. Таа бара да оди во црква и да се моли за него. Децата на Дарио се во Канада, а тој дојде на поменот. Поради се што претходно договорил не можеше да дојде на погребот, но сега е кај нас во Белград и ќе остане 10 дена. Мајка се држи добро. Секако, има моменти кога чувствувате голема тага и недостаток, но често сме заедно или со роднини – секогаш сме со Славица и се трудиме да се потсетиме на убавите моменти, да не паѓаме во преголем очај. Го паметиме Маринко по неговите прекрасни особини и сето човечко што ни го остави како аманет.

Никола потоа откри како Маринко дознал дека ја има оваа опасна болест.

– Што се однесува до неговата болест, тој немаше никакви симптоми. Сосема случајно отиде во болница со нашиот брат од Германија, кој дојде овде да направи контроли. Тогаш му беше дијагностицирана болеста, но, за жал, веќе беше во напредна фаза. На скенерот не изгледаше толку страшно, но кога се направи биопсија, лекарите видоа дека веќе сѐ отишло предалеку. За чудо, долго издржа, бидејќи тоа е болест која го одзема животот за неколку месеци. Тој успеа да поживее една година – завршува Никола.

 

Поврзани содржини
na