ЕДНА ГОДИНА ОД ШОК-ТЕРАПИЈАТА НА МИЛЕЈ Аргентина има вишок во буџетот, преполовен јавен сектор и инфлација од 2,7 отсто

Економистите велат дека економијата на Аргентина и понатаму е разнишана. Претседателот Милеј и владата се надеваат дека новите закони, кои на инвеститорите им нудат децении даночни и царински олеснувања, брзо ќе привлечат капитал и ќе ја спречат рецесијата.

208

Една година по победата на претседателските избори во Аргентина и оставањето на земјата на апсолутно слободна трговија, Хавиер Милеј слави со вишок во буџетот, за прв пат во последните 123 години.

Клучот за шок-терапијата на Милеј беше намалувањето на државните трошоци.






Претседателот, кој го нарекуваа ексцентрик и шарлатан, го намали бројот на вработени во јавниот сектор, го преполови бројот на министерства и службени возила во државните институции, што значеше заштеда од 3 милијарди долари за буџетот.

Пезосот беше девалвиран, славините на локалните самоуправи беа исклучени, контролата на цените и извозните квоти беа укинати, а бројните јавни работи беа суспендирани.

Спроведувањето на мерките доведе до ненадеен скок на невработеноста, сиромаштијата и рецесијата.

Сепак, бројот на сиромашни е помал од пред една година, а инфлацијата од 25% во декември минатата година падна на 2,7%.

Аргентинците, меѓутоа, сè уште не го чувствуваат падот на инфлацијата и подобрувањето бидејќи голем дел од артиклите уште имаат високи цени, а платите се ниски.

Економистите велат дека економијата на Аргентина и понатаму е разнишана. Претседателот Милеј и владата се надеваат дека новите закони, кои на инвеститорите им нудат децении даночни и царински олеснувања, брзо ќе привлечат капитал и ќе ја спречат рецесијата.

Поврзани содржини