ЕДНА ГОДИНА НИКОБ МЕДИКАЛ Брзи, достапни и квалитетни

Располагаат со 10 најсовремено опремени амбулантни возила, 2 санитетски возила и 5 леки коли за домашна посета.

677

Никоб медикал слави една година од постоењето и пружањето услуги на пациентите. По тој повод разговаравме со д-р специјалист субспецијалист Татјана Баевска Вучковиќ, генерален директор на Никоб медикал.

Во текот на минатата година започнавте со работа, а денес одбележувате 1 година Никоб медикал. Како се работи во вашата институција?






– Ми претставува чест и задоволство како првовработена во ПЗУ Никоб медикал и како генерален директор, заеднички со основачот г-н Кирил Лазаров да создадеме професионално семејство кое секојдневно расте и е комплетно подготвено да ја обезбеди здравствената услуга до нашите корисници кога е најпотребно, т.е. кога се работи за најважното во животот, а тоа е здравјето.

Трета година живееме во една од најтешките светски кризи, ковид-19 пандемија, која покажа слабости во светски здравствени системи, но и во нашиот систем, за жал. Неконтинуирана, селективно достапна или целосно недостапна во одредени средини, сериозно се одрази на квалитетот на живот, здравје, како и последиците по здравјето. Здравствениот систем претставува интегрираност на примарна, секундарна и терциерна здравствена заштита. Примарната е базата во системот на која се надоврзуваат останатите. Целта и фокусот ни е на корисникот на услугата-пациент да му пристапиме со доближување на услугата кон местото на живеење и да го доближиме тимот кон пациентот. Тоа значи дека услугата може да се добие во ординација, но и во домашни услови и работна средина. Видот на услуги е според листата на услуги за примарна здравствена заштита. Услугите се достапни со пристапни цени според ценовната политика и севкупно секојдневно успеваме да се стекнуваме со сè повеќе доверба од нови корисници на нашите услуги.

Како постигнувате да одговорите на барања на граѓаните и за што најмногу ве бараат?

– Успеваме на начин за кој имавме план и активности и еве една година и имаме реализација. Основачот како еден од најголемите работодавци во државата сериозно вложува во секторот здравство со капитална инвестиција во однос на простор, опрема и кадар. Имено, располагаме со 10 најсовремено опремени амбулантни возила, 2 санитетски возила и 5 леки коли за домашна посета. Современо просторно уредување и услуги овозможени од квалитетно обучени 25 тима составени од доктор, медицинска сестра/техничар и возач. Покрај базичната обука, 6 доктори поминаа тренинг програма за професионални тренери за укажување прва помош за професионалци и непрофесионалци, обука за прва помош на место на незгода, како и обука за менаџирање со трауми во екстремни околности. Обуките спроведени во соработка со Rescue Training International CY LTD, членка на WSO-World Safety Organization, USA, Adult&Pediatric First Aid Training Provider, England. Вложуваме во млади и амбициозни тимови кои несебично колегијално го споделуваат знаењето и искуството. Исто така, поддршка даваме и на 9 доктори кои од есента започнаа со специјализации од различни области. Креирање сигурна, продуктивна работна средина придонесува за максимален квалитет за крајниот корисник на услугите – пациентот.

Во текот на годината одговоривме на секој повик и барање од корисниците на услугите од различна природа и етиологија. Во текот на есенските и зимските месеци доминираше ковид-19 патологијата, домашни посети за преглед, апликација на терапија, тоалети на рани, преврски, апликација или промена на катетер итн. Секако имаме пациенти кои редовно си закажуваат превентивни пакети за превенција или следење на одредено хронично заболување. Во текот на целиот период имаме медицински транспорти и ангажирани сме за медицинско обезбедување на јавни настани. Ги следиме потребите на заедниците и на граѓаните, па така од есента имаме матичен лекар во Поликлиника Шуто Оризари, а од јануари годинва и во Кисела Вода, при што ја зајакнуваме мрежата на матични лекари.

За колку пациенти станува збор и колку услуги овозможивте досега?

– За една година работа реализиравме повеќе од 10.000 интервенции, доверба имаме од 4.600 пациенти регистрирани во нашата база, изминати повеќе од 35.000 километри за медицински транспорти, како и 45 јавни настани сме обезбедиле со медицинска екипа и амбулантно возило. Реализациите се должат на брзи, достапни и квалитетни услуги со пристапни цени и најважното, можноста на достапност на овој вид услуги како во градот така и на територијата на целата држава и надвор од државата. Практично, нашата девиза е дека ние постоиме за да помогнеме кога е најпотребно, кога се работи за ЖИВОТ!

Што значи брзи и достапни? Колку е времето за брза интервенција? Која е најдалечната рута која сте ја имале?

– Располагаме со богат возен парк со најсовремено опремени амбулантни и санитетски возила со кои за градот и околината поставено ни е максимум 30 минути пристигнување согласно локацијата и повикот. Граѓаните не добиваат на 15515 во текот на 24 часа, имаме веб страна и мобилна апликација за закажување интервенција/преглед/домашна посета. Медицински транспорти имаме во соседни држави, регионално и како подалечни рути сме ги имале Венеција, Цирих, а најдалечната е Скопје-Бон-Скопје. Поминавме 4.000 км за пост-ковид пациент со кислородна поддршка. Асистираме и при авио-медицински транспорти во доставување или преземање пациент.

Согласно медицинските и санитетските транспорти имаме одлична соработка како со јавните така и со приватните установи кои се на секундарно или терцијарно ниво.

Дали ПЗУ Никоб медикал е општествено одговорна институција?

– Како институција сме општествено одговорни и се трудиме да одговориме и помогнеме со рационален пристап согласно потребите. Во таа насока обезбедивме две сериозни донации, едната донација е транспортен инкубатор за родилиштето во Струмица, кое како најголемо во тој регион за прв пат се здоби со сопствен транспортен инкубатор за најранливата категорија на пациенти – новородените. Со тоа придонесуваме во зголемување на квалитетот на услугата кога е потребно да се изврши транспорт на витално загрозено новородено. Исто така, кога се работи за децата во делот на оние кои се прикрепени и добиваат услуги во Заводот за ментално здравје на деца и младина-Младост, дониравме ЕЕГ стол кој беше потребен за квалитетно спроведување на ЕЕГ дијагностика.

Што можете да ни кажете како заклучок од првата година од вашето работење и кои се вашите планови за во иднина?

– Како професионалец со 24 години работно искуство кој започнал од првата скала, со многу труд, работа, едукација, успешно се искачував и имав можност да ја достигнам највисоката скала како директор на најголемата јавна здравствена установа Здравствен дом Скопје. Како педијатар-пулмоалерголог работам со следење на раст и развој, имам поминато бројни едукации за здравствен менаџмент, сум сертифициран и лиценциран менаџер за управување на здравствени установи, така што прифатив предизвик за основање, раст и развој на едно ново дело во приватниот сектор. Успешното позиционирање е резултат на макотрпна работа, тимска работа, надминување и соочување со различни ситуации и околности, но со јасно дефинирана цел за можност и доближување на здравствената услуга до секој корисник кога е најпотребно. Задоволство е да се работи со тимот кој секојдневно се зголемува и надградува, ентузијазмот и желбата за нови достигнувања се големи.

Во блиска иднина планираме проширување на услугата за матичен лекар во делот на гинекологија и педијатрија, како би обезбедиле комплетна услуга за едно семејство – се на едно место. Чекор по чекор одиме, се трудиме постепено да растеме и да се унапредуваме.

Капитална инвестиција од основачот во кризно време на светска криза со ковид-19 пандемија има исклучително значење за постоењето на ПЗУ Никоб медикал со можност и достапност на услугите со што се придонесува за зајакнување на капацитетот на националниот здравствен систем во државата.

Поврзани содржини