ЕДНА ГОДИНА БЕЗ АКИ РАХИМОВСКИ Синот сподели емотивна фотографија (ФОТО)
Синот на легендарниот фронтмен на „Парни ваљак“ Аки Рахимовски, Кики на својот инстаграм-профил објави емотивна порака по повод годишнината од смртта на неговиот татко.
Синот на легендарниот фронтмен на „Парни ваљак“ Аки Рахимовски, Кики на својот инстаграм-профил објави емотивна порака по повод годишнината од смртта на неговиот татко.
„Недостигаш тато. Ништо помалку не болиш од претходно. Можеби со текот на времето… Се борам со таа некоја тага во мене како со ветерница, залудно… Можеби со текот на времето… Спиј мирено, тато… Тука си, те чувам… Сите те чуваме… Спиј мирно“, навел тој.
View this post on Instagram
Аки Рахимовски почина минатата година на вчерашен ден на 67-годишна возраст по проблеми со срцето. Само неколку дена пред неговата смрт, во болница во Загреб му биле вградени четири стента.
Аки на почетокот на 1975 година се запознава со гитаристот и композитор Хусеин Хасанефендиќ – Хус и Јурица Паѓен и заедно со нив го основаат „Парни ваљак“.
View this post on Instagram
Аки ги испеа најубавите љубовни песни, меѓу бројните песни со кој засекогаш ја одбележа својата интерпретација се „Љубавна“, „Неда“, „Проклета недеља“, „Лутка за бал“, „Као ти“, „Ухвати ритам“, „Угаси ме“, „Јесен у мени“, „Све још мирише на њу“, „Заставе“, „Загреб има исти позивни“, „Моја је песма лагана“, „Страница дневника“, „Пусти нек траје“…
Рахимовски е роден на 5 јуни 1955 година во Ниш, но набрзо потоа неговото семејство се преселува во Скопје.
Со групата „Парни ваљак“ сними десетици албуми и одржа низа концерти на просторите на поранешна Југославија.