ЕДНА ФОТОГРАФИЈА, ДВЕ ЕВРОПСКИ ТИТУЛИ Џенова се фали со Шевченко и Пандев (ФОТО)
Италијанскиот клуб денеска на социјалните мрежи објави интересна фотографија од двете фудбалски легенди - Шевченко и Пандев.
Поранешниот фудбалер на Милан, Андреј Шевченко, од неодамна е тренер на италијанскиот прволигаш Џенова, каде што настапува и легендата на македонскиот фудбал Горан Пандев.
Италијанскиот клуб денеска на социјалните мрежи објави интересна фотографија од двете фудбалски легенди – Шевченко и Пандев.
„Една фотографија, две Лига на шампиони“, напиша клубот под фотографијата.
Инаку, Шевченко ја освои Лигата на шампиони со Милан во 2003 година, а Пандев ја покори Европа со Интер во 2010 година.
1️⃣ foto, 2️⃣ Champions League
— Genoa CFC (@GenoaCFC) November 19, 2021