ЕДНА ФИРМА СЕ ПРИЈАВИЛА НА ТЕНДЕРОТ ЗА КОМПРЕСОРСКАТА СТАНИЦА Ако ги исполнува условите, ќе се склучи договор

Ако ги исполнува условите од тендерската документација, ќе биде донесена Одлука за избор на најповолна понуда и ќе се склучи Договор за јавна набавка - рекоа од Министерството за здравство. 

227

Министерството за здравство соопшти дека на тендерот за компресорска станица на Клиничкиот центар се пријавила една фирма.

– Согласно објавениот Оглас за јавна набавка на стоки, со предмет на набавка: „Набавка, монтажа и пуштање во работа на станица за компримиран воздух“, денеска, 12 септември, Министерството изврши јавно отворање преку ЕСЈН. Ве известуваме дека пристигната е една понуда, за која во наредниот период, во рамки на законските рокови, ќе се изврши евалуација од страна на Комисијата за јавни набавки и надворешните ангажирани стручни лица, по што, доколку истата ги исполнува условите од тендерската документација, ќе биде донесена Одлука за избор на најповолна понуда и ќе се пристапи кон склучување на Договор за јавна набавка – рекоа од Министерството за здравство.






Во мај година, операциони сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”.

Беше распишан тендер за набавка на нова компресорска станица, кој пропадна бидејќи не пристигна ниту една понуда.

Министерот за здравство Арбен Таравари вчера посочи дека оваа тендерска постапка е важна за да продолжат инвестициите особено во хируршките сали и во Скопје и во другите Клинички болници.

– Многу ни е битно ова да го средиме па да почнеме со реновирање на хируршки сали и во „8 Септември“, и во Клинички центар, и во Тетово, премиерот кажа и болници, се надевам Струмичката болница набргу ќе ја промовираме, а во меѓувреме да започнеме што побргу и во болниците во Штип и во Тетово – рече Таравари.

Поврзани содржини