ЕДНА АНАСТАСИА И ЕДНА ОВЧАРСКА ПИТА, ВЕ МОЛАМ Македонски уметник во Љубљана ‘растура’ со готвење

Нашиот уметник и голем кулинар Диме Темков кој веќе две ипол децении живее во Љубљана, а во Словенија е познат и по своите кулинарски ремек-дела, ги сподели со нас рецептите за неговиот најнов изум – десертот инспириран од Русинката Анастасиа и Shepherd’s Pie, алијас овчарска пита, позната и како омилен оброк на принцот Вилијам

2,359

Македонскиот уметник Диме Темков во кујната е вешт еднакво како и на сликарското платно и графиките, до толку што неговите пријатели Словенци кои често уживаат во неговите македонски специјалитети, не помалку уживаат и во неговите традиционални словенечки специјалитети.

Ама тоа не е сè, бидејќи во неговата храна уживаат и неговите пријатели Англичани, според кои, неговата овчарска пита, во Англија позната како Shepherd’s Pie и омилен оброк на британскиот принц Вилијам, е повкусна и од оригиналот.






За Божик, кој Диме го прославува двапати, тој ги израдувал своите пријатели со овчарска пита во оригинална и во вегетаријанска верзија, но и со својот нов Божиќен рецепт за десерт кој го добил името Анастасиа. Зошто токму Анастасиа? Затоа што сите уметници си имаат своја муза, а за овој десерт неговата муза била Русинка. И тоа, не било која, туку токму Анастасиа или скратено, Настја.

Рецептите побарајте ги на порталот „АРТ КУЈНА“.

Поврзани содржини