ЕДИНСТВЕНО ШТО НАПРАВИ СДСМ Е СЛИКА ОД АВИОН Владата е посветена на ЕУ, доказ е успешно завршениот постмониторинг дијалог со СЕ

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека напредокот кон ЕУ е потврден со одлуката на Советот на Европа. Во исто време упатија жестоки критики кон СДСМ и поранешната власт. Партијата ја обвини СДСМ дека со години ја кочела европската интеграција и дека единственото што го направиле за сликата од авионот за Брисел.

78

Затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа е јасна потврда за посветеноста на Владата на патот кон ЕУ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека за разлика од СДСМ кои само се сликале во авионот, оваа влада посветено работи на реформската агенда и усогласување на македонското со ЕУ законодавство.

„Поголем непријател на државата од СДСМ на Зоран Заев и Венко Филипче, нема. Македонија отсекогаш најмногу патела од своите внатрешни непријатели и предавници, како што се СДСМ, Филипче, Заев и на нив другарот, внук на бугарски кмет, Андреј Жерновски. Сменија устав, име на држава, потпишаа предавнички договори, само и само да се дограбат до власт и останат ден повеќе за безмилосно да крадат и да го осиромашуваат народот.






Најголемите кочничари на евроинтегративниот пат на државата се токму СДСМ и нивното криминално владеење, кои единствено што направија за ЕУ е сликата од авионот лажејќи ги македонските граѓани дека ги започнале преговорите.

Заглавени во криминал, без никакви реформи преминаа на распродажба на националните интереси, понижувајќи ја државата да прифаќаат и потпишуваат предавнички договори со обврски само за македонската страна, без никаква гаранција за иднината.

Кога Жерновски, несудениот амбасадор и партиски прелетач само за функција, зборува за руско влијание, ако заборавил да го потсетиме, руското влијание во државата продре единствено преку власта на СДСМ, Заев и Филипче.

Власта на СДСМ му даде македонско државјанство на руски олигарх близок до Путин, сега веќе осуден на 15 години затвор во Украина за корупција и перење пари, Александар Онишченко.

Додека пак, на фирма во сопственост на белорускиот конзул,   Марковски со години му доделувале државни тендери вкупно на број 77, од кои 66 од ЕСМ во вредност од 141 милиони евра.

Што се однесува до преговорите со ЕУ, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, посветено работи на реформската агенда и усогласување на македонското со ЕУ законодавство.

Доказ за посветеноста на Владата интеграцијата во Европската Унија е и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа што претставува потврда дека Македонија како држава е зрело демократско општество, каде владее правото и слободата на говор.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на патот за интеграција на Македонија во Европската Унија, со исполнување на Копенхашките критериуми и со зачуван национален идентитет“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини