ЕДИНСТВЕНАТА ШАНСА ЗА ДАНКА Е АКО НЕКОЈ СЕ ЈАВИ ДА БАРА ОТКУП? Директорот на Центарот за исчезнати и малтретирани деца во Србија зборуваше за случајот

Таа опција е реална и објективна, а од друга страна како народ и како нација имаме право да веруваме во чудо и се надевам на тоа чудо и дека баш денес ќе ја добиеме веста дека е пронајдена, вели Јуриќ за српската „Прва ТВ“.

1,064

„Мислам дека сега е многу важно и единствената шанса што ја гледам е некој да излезе и да побара пари. Јас единствено во тоа го гледам чудото детето да е живо. Реков и дека мораме да се подготвиме и за најлошото сценарио, со оглед на тоа колку време помина. Таа опција е реална и објективна, а од друга страна како народ и како нација имаме право да веруваме во чудо и се надевам на тоа чудо и дека баш денес ќе ја добиеме веста дека е пронајдена“.

Вака изјави виректорот на Центарот за исчезнати и малтретирани деца Игор Јуриќ, за српската „Прва ТВ“ пишува српски Курир. Тој истакна дека со оглед на изминативе години откако исчезна малата Данка Илиќ (2), институциите во Србија мора да бидат подготвени за најлошото сценарио. Од друга страна, тој истакна дека сите имаат право да се надеваме дека девојчето ќе биде пронајдено живо и здраво,






Игор Јуриќ изјавил и дека му „боде уши“ информацијата дека мајката на малата Данка Илиќ (2), наводно одбила полиграф, со изговор дека е бремена. Тој посочи дека, со должна резерва, нема никакво оправдување и разбирање за ваквата постапка. тој забележува и дека, иако мајката официјално не е под истрага, таа, како и сите најблиски до неа, се првоосомничени.

– Официјално мајката не е под истрага, но со оглед на околностите нема лице кое не е осомничено. Кога Тијана ни исчезна, ние бевме првите осомничени. Се додека не се потврди што се случило и како исчезнало девојчето, тој сомнеж нема да исчезне. Мора да зборувате за сѐ, ако има некаков проблем во семејството, мора да бидете искрени – вели Игор Јуриќ.

Во врска со полицаецот од Бор кој беше уаспен затоа што давал информации во истрагата, Јуриќ вели дека ова е првпат некој да биде санкциониран кога станува збор за исчезнување на деца и дека тоа е многу важен чекор кај нас.

– Луѓето од одделот за потрага од Белград, што се однесува до мојот случај, нѐ проверуваа толку детално, секој чекор, секој потег, што ние си велевме – добро, овие луѓе ќе ја најдат Тијана. Повторувам уште еднаш, апсолутно сум сигурен дека детето ќе биде пронајдено и да се надеваме дека тоа ќе биде позитивен крај на потрагата – вели Јуриќ.

Тој ги пофали српските медиуми за начинот на известување за случајот со Данка велејќи дека случајот го променил текот на историјата кога е во прашање потрагата по исчезнати деца во Србија.

🎥 ШТО СНИМИЛ ДРОНОТ НА МЕСТОТО КАДЕ ШТО ИСЧЕЗНАЛА ДАНКА? Жител рекол дека најмногу се плаши од едно нешто

 

 

Поврзани содржини