Единаесет здравствени работници од Инфективното одделение во Штип негативни на ковид 19

Ѓеорѓијев посочи дека на Инфективното одделение се хоспитализирани вкупно 13 пациенти, од кои девет се лекуваат од коронавирус, а останатите четворица се сомнителни и за нив се чекаат резултатите од тестовите.

325

Негативни се резултатите за коронавирус и на последните четворица здравствени работници на Инфективното одделение Штип, а кои неколку дена се чекаше да пристигнат.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев, за МИА изјави дека од Инфективното одделение тестирани се вкупно 14 медицински лица, од кои две лекарки, осум медицински сестри и четворица болничари.






Позитивни на корона вирус се вкупно тројца вработени од ова одделение –  двајца болничари и една медицинска сестра, додека за остантите 11 вработени, тестовите покажаа дека се негативни на Ковид 19.

Поради дополнителните прегледи и анализи на 80-годишната жена, која со два негативни теста и дијагноза на бронхопневмонија е примена во болница, се тестираше и еден лекар специјалист од друго одделение, а резултатите покажаа дека е позитивен на коронавирус.

Ѓеорѓијев посочи дека на Инфективното одделение се хоспитализирани вкупно 13 пациенти, од кои девет се лекуваат од коронавирус, а останатите четворица се сомнителни и за нив се чекаат резултатите од тестовите.

– Очекувам од утре како болница тестовите да ги праќаме во лабараторијата на МАНУ, од каде што резултатите од брисевите ќе ги добиваме за еден ден – вели Ѓеорѓијев.

Тој истакна дека утрово пристигнала и уште една донација за штипската Клиничка болница. Здружение на возачи за потребите на болницата во време на пандемија донира 300.000 денари.

Поврзани содржини