Единаесет граѓани од Струмица, Валандово, Гевгелија и Радовиш не ја почитувале забраната за движење

330

Минатата ноќ единаесет граѓани ја прекршиле забраната за движење во определен период на подрачјето на СВР-Струмица, соопштија од полицијата.

Седум од нив се затекнати на подрачјето на Полициската станица Струмица, две во Радовиш и по едно во Валандово и Гевгелија. Во просториите на полициските станици е приведено едно лице.






Од полицијата додаваат дека вчера до Основното јавно обвинителство Радовиш се поднесени шест кривични пријави против дванаесет лица, кои во претходниот период ја прекршиле забраната за движење за време на полицискиот час.

Поврзани содржини