Еди Рама води на изборите во Албанија

494

Денеска во Албанија се одржуваат парламентарни избори на кои се бираат 140 пратеници меѓу кандидатите на 12 политички партии.

Првичните неофицијални резултати покажуваат дека Социјалистичката партија на Еди Рама освоила најмногу гласови, односно 46,9 отсто од гласовите.






Анкетите покажуваат дека опозициската Демократска партија е на второто место со 43,5 отсто од гласовите, додека пак Социјалистичкото движење за интеграции освои 6,9 отсто.

На изборите во Албанија за прв пат учествуваше и една албанска партија од Косово – движењето „Самоопределување“ на Албин Курти.

Инаку, изборите поминаа мирно, а лидерите на сите партии повикуваа на масовно гласање.

Поврзани содржини