ЕДИ РАМА ПОРЕАЛЕН ОД КОЛЕГИТЕ Не верувам дека во 2030 година ќе бидеме во ЕУ
- Со овој панел како автобус, трагично сум пооптимист, иако е подобар од руски авион – се пошегувал Еди Рама на панел дискусијата во Блед.
Албанскиот премиер Еди Рама на панелот на лидерите на Бледскиот стратешки форум, истакна дека не оптимист по прашањето за европските интеграции. Рама не верува дека земјите од Западен Балкан во 2030 година ќе влезат во ЕУ и нагласи дека ЕУ треба повеќе да ги поддржува земјите од Западен Балкан, а не само да критикува, пренесува албанската генција Балканвеб
– Не верувам дека во 2030 година ќе бидеме во ЕУ. Земјите кои влегуваат на патот на ЕУ до моментот кога ќе станат членки, не само што треба да имаат реформи и критики, кои се неопходни, туку треба да имаат и поддршка. Не велам од финансиска гледна точка, туку и од нашиот пристап до заедничкиот пазар и поголем простор за нашите претпријатија – истакнал албанскиот премиер.
Рама, посочува агенцијата, не ги штедел ниту шегите на панел дискусијата во Блед.
– Со овој панел како автобус, трагично сум пооптимист, иако е подобар од руски авион – се пошегувал Еди Рама.