„ЕДИ РАМА Е ЗАКОЛНАТ СРБИН“ Ким Мехмети остро го нападна албанскиот премиер

Да не беше така, тој одамна ќе разбереше дека проблемот за Македонија оди подалеку од нејзините недоразбирања со Бугарија: дека и таа ја гради својата сегашност врз темелите на „српскиот“ ум, т.е. на природните „непријатели“ на Македонците – Албанците и Бугарите и нивните природни „штитеници и браќа“, Србите, објаснува Махмети.

936

„Не еднаш досега премиерот на Албанија критикувал функционер на Софија поради нејзиниот однос кон Македонија и кон македонскиот народ. Нешто што може ги изненади само оние кои сè уште не го разбрале тоа – по политички убедувања и ставови тој е заколнат Србин и како таков гледа наоколу со очи на официјален Белград“, изјави публицистот Ким Мехмети за бугарската агенција БГНЕС.

Повод за реакцијата на Мехмети е вчерашната изјава на албанскиот премиер Еди Рама на форумот во Блед.






– Гледајќи го конфликтот во Украина и нејзиниот забрзан пат кон ЕУ, се прашувам: Кој кого треба да напаѓа во овој панел за побрзо да влеземе во Европската Унија, како Украина? И си одговарам: Бугарија лесно може да ја нападне Северна Македонија без сомнение. Хрватска лесно може да ја нападне Србија, Србија – Косово, Босна може да се нападне сама себе. Ние, Албанија, можеме да бараме од Грците да нè нападнат и тие со задоволство ќе го направат тоа, Црна Гора може само да лежи на плажа. И така сите ќе бидеме подготвени да влеземе во ЕУ заедно со Украина – рече Рама.

Според Мехмети, Еди Рама е заслепен од љубов кон „браќата Срби“.

– Да не беше така, тој одамна ќе разбереше дека проблемот за Македонија оди подалеку од нејзините недоразбирања со Бугарија: дека и таа ја гради својата сегашност врз темелите на „српскиот“ ум, т.е. на природните „непријатели“ на Македонците – Албанците и Бугарите и нивните природни „штитеници и браќа“, Србите – објаснува Махмети.

Поврзани содржини