ЕДИ РАМА, АЛБАНСКИОТ „ЛУЈ ВИТОН“ И ЧАСОВНИКОТ СО СКЕНДЕРБЕГ Премиерот на Албанија објави слики од новите модни трендови
Нова чанта на „Луј Витон” со најубавото знаме во светот, напиша Рама за чантата која ќе чини 9.900 долари.
Еден од најпопуларните луксузни брендови „Луј Витон” пуштил во продажба чанти на кои стои албанското национално знаме. Информацијата на Фејсбук ја сподели албанскиот премиер Еди Рама, а потоа ја пренесоа и сите медиуми во државата.
„Нова чанта на „Луј Витон” со најубавото знаме во светот“, напиша Рама за чантата која ќе чини 9.900 долари.
Можеби ќе ве интересира
Албанскиот премиер синоќа на социјалните мрежи објави и дека еден од најпознатите производители на часовници во светот „Франк Мулер” од Швајцарија пуштил во продажба специјален модел на луксузен часовник изработен од челик и црн титаниум, со ликот националниот херој на Албанците Ѓерѓ Кастриот Скендербег.