ЕДИ МАРФИ ЌЕ ГО ДОБИЕ ПОЧЕСНИОТ ЗЛАТЕН ГЛОБУС Награда за животно дело

Холивудскиот актер и комичар Еди Марфи (61) следниот месец ќе биде почестен со наградата Сесил Б. ДеМил за животно дело на доделувањето на 80-тите награди Златен глобус.

138

Холивудскиот актер и комичар Еди Марфи (61) следниот месец ќе биде почестен со наградата „Сесил Б. Демил“ за животно дело на доделувањето на 80-тите награди Златен глобус.

Холивудското здружение на странските новинари (ХФПА), групата што гласа за добитници на Златен глобус, во средата објави дека Марфи ќе ја добие наградата „Сесил Б. Демил“.






Марфи беше член на актерската екипа на телевизиското скеч шоу „Сабота вечер во живо“ и продолжи да глуми во низа филмови, меѓу кои „Полицаец од Беверли Хилс“, „Лудиот професор“, „48 часа“, „Девојки од соништата“.

– Чест ни е да му ја доделиме годинешната награда Сесил Б. Демил на легендарниот и високо ценет г-дин Еди Марфи. Возбудени сме што го славиме трајното влијание врз филмот и телевизијата што неговата кариера – пред и зад камерата – го имаше низ децениите – соопшти претседателката на ХФПА Хелен Хоен во соопштението.

Претходни добитници на наградата за животно дело се Опра Винфри, Мерил Стрип, Софија Лорен, Том Хенкс, Џејн Фонда и Роберт де Ниро.

 

Поврзани содржини