ЕДЕН ЗАГИНАТ ВО ПОЖАРОТ ВО ВОЛКОВО Изгоре и добитокот во шталата од која тргна стихијата што го загрози Бардовци

По гаснењето на пожарот, во една од помошните простории е пронајдено изгорено човечко тело, како и изгорени тела од добиток, соопшти полицијата.

913

Еден човек загина во големиот пожар што вчера почна во близина на штала во селото Волково, непосредно до железничката пруга. Пронајдено е јагленисано тело, соопшти полицијата.

Во пожарот изгорел и добитокот во шталата.






„На 6.7.2025 година во 18 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај мост на река Лепенец, во близина на Железничка станица Ѓорче Петров настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил неколку помошни простории и штали во кои имало домашни животни. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Во една од помошните простории било пронајдено изгорено човечко тело, како и изгорени тела од добиток“, соопшти полицијата.

Се преземаат мерки зарасчистување на случајот, се додава во соопштението.

Овој пожар се префрли преку реката Лепенец и се прошири кон населбата Бардовци. Зафати дел од дворот на Психијатриската болница, обраснат со висока сува трева и дрвја. Пожарот претставуваше опасност да се прошири во целиот комплекс на болницата.

ЕВАКУИРАНИ СЕ ПАЦИЕНТИТЕ И ПЕРСОНАЛОТ Пожар избувна во дворот на болницата Бардовци

 

„Веднаш беше пристапено кон евакуација на пациентите и персоналот, кои беа безбедно изнесени надвор од кругот на болницата“, информираше вчера ЦУК.

И Општина Карпош синоќа предупреди на големиот пожар и  ги повика жителите на Бардовци да го напуштат местото поради густиот чад.

Поврзани содржини