ЕДЕН ЗАГИНАТ И ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ ПОПЛАДНЕВО Тешка сообраќајка на автопатот Скопје- Тетово

Во тек е увид на самото место на несреќата во која едно лице го загуби животот, а две се пренесени во Клиничка болница Тетово за укажување помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

462

Едно лице го загуби животот, а две се повредени во тешката соообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово во близина на натпатникот за Требош, која се случи попладнево околу 17 часот.  Во сообраќајката учествувале три патнички и едно товарно возило, а според првичните искази пријавени во СВР Тетово имало и четврто возило за кое се тврди дека го напуштило местото.

– Во тек е увид на самото место на несреќата во која едно лице го загуби животот, а две се пренесени во Клиничка болница Тетово за укажување помош. На местото се полициски службеници, како и вработени на Тетовската територијална противпожарна единица која интервенираат на возилата и Итна медицинска помош.  Се очекува во увидот да се вклучат и претставниците на тетовското Обвинителство – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.






Според првичните информации патничките возила се од марките пежо, опел и голф додека товарното возило е мерцедес.

Поврзани содржини