ЕДЕН ВИД КАФЕ Е НАЈДОБАР ЗА СРЦЕТО Лекарите го препорачуваат во умерени количини

Во студијата, објавена во списанието „Clinical Nutrition ESPEN“ биле собрани податоци од 1.041 луѓе на возраст меѓу 39 и 67 години, а околу 30 од нив редовно консумирале инстант-кафе. Тие имале понизок крвен притисок и позитивни ефекти врз каротидните артерии. Сепак, ова не важи за луѓето кои веќе имаат некоја срцева болест и тие треба да внимаваат со кафето.

2,679

Одлична вест за кафеџиите! Кафето не влијае на аритмијата и на срцевиот ритам, сугерираат научниците во нова студија, а од сите видови на кафиња најздраво за да имаме еластични артерии и понизок крвен притисок е инстант-кафето, пишува Мондо. Сепак, се нагласува дека кафе треба да се пие во ограничени количини и дека овие резултати не важат за луѓе кои имаат кардиоваскуларни проблеми.

Во студијата, објавена во списанието „Clinical Nutrition ESPEN“ биле собрани податоци од 1.041 луѓе на возраст меѓу 39 и 67 години, а околу 30 од нив редовно консумирале инстант-кафе. Тие имале понизок крвен притисок и позитивни ефекти врз каротидните артерии. Инаку, здравата еластичност на овие артерии е важен маркер за кардиоваскуларното здравје.






Инаку, дека кафето не може да предизвика аритмија или абнормален срцев ритам покажало претходно истражување објавено во списанието JAMA Interior Medicine“. За цели пет години научниците анкетирале дури 386.000 луѓе, а кај 17.000 од нив, кои се пожалиле дека развиле проблеми со срцето било дополнително истражено колку кофеин внесувале.

– Дури и откако ги разгледавме генетските фактори кои влијаат на тоа како метаболизмот го обработува кофеинот, не успеавме да утврдиме дека оние кои пијат повеќе кафе имаат зголемен ризик да развијат аритмии – вели д-р Грегори Маркус, коавтор на студијата.

Изненадувачки факт е дека оние кои пиеле повеќе кафе дури имале помал ризик од вообичаеното, иако нивниот процент е мал.

Ако веќе имате проблеми со срцето, се разбира, не треба да ги сфаќате лесно резултатите од ова истражување. Но, ако немате, уживајте во вашата шолја инстант-кафе!

Поврзани содржини