ЕДЕН ТАГ СЕ ВОВЕДУВА И МЕЃУ СРБИЈА И ХРВАТСКА Најавено е дека се разговара и со Грција
Српскиот министер за транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека тоа ќе се случи од 1 септември.
Еден таг се воведува и на патиштата во Србија и Хрватска. Српскиот министер за транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека тоа ќе се случи од 1 септември.
„Интегрираната наплата значи дека српските ознаки ќе можат да се користат во Хрватска, како и хрватските во Србија“, изјави Весиќ за ТВ Прва.
Тој објасни дека за ова е потребна реконфигурација, која го поврзува уредот за ознаки со платежната картичка, за да нсе забрза преминувањето на патарините.
Весиќ потсети дека тоа е веќе направено со Северна Македонија и дека корисниците и учесниците во сообраќајот се задоволни од тоа како функционира.
Тој додаде дека патарината е за околу 6 отсто поевтина доколку се користи ознака.
Весиќ најави дека ваква поволност за корисниците на тагови наскоро ќе има и со Грција.
Ова ќе биде ова поволност и за македонските корисници на тагови под услов во процесот да се вклучи и нашата земја.