ЕДЕН СТАРЕЦ НАТЕПАН ОД СОПРУГАТА, ДРУГ СЕ СОБЛЕКУВАЛ ПРЕД ДЕЦА Што ги мачи прилепчани?

237

Еден старец бил натепан од сопругата, а друг се соблекувал пред деца во Прилеп, соопшти полицијата.

На 26 август во 22.40 часот во прилепската полиција, 82 -годишен прилепчанец пријавил дека во семејниот дом во Прилеп бил физички нападнат од неговата сопруга.






Истиот ден во 22.15 часот, 40-годишна жена од прилепско село пријавила дека П.Н. (82) се соблекувал пред нејзините две малолетни деца.

Вчера во 13.30 часот, А.Р.(22) од Прилеп пријавила дека на работното место во Одделението за управни работи Прилеп била физички нападната од Г.Д. од Прилеп.

Попладнето во 18.30 часот на улицата Мице Козар во Прилеп, полициски службеници го лишиле од слобода К.И.(46) од Прилеп затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и упатувал закани кон С.Д.(40) од Прилеп.

Полицијата презема мерки за расчистување на сите случаи.

Поврзани содржини