ЕДЕН СКРШИЛ КОЛЕНО, ТРОЈЦА ЗАДУШЕНИ Никој не е во животна опасност по пожарот во Тетово

Имаше цивили кои доброволно укажаа помош и еден со повреда кој беше повреден со овие превозни средства, пренесен е на ортопедија, постои сомневање дека го скршил коленото, изјави доктор Иби

141

Повредените од пожарот во фабриката во Тетово се во добра здравствена состојба и надвор од животна опасност, изјави Доктор Газменд Ибиши од Брзата помош.

Тој вели дека три лица се задушени од чад додека едно лице има скршеница на коленото.






– Досега имавме три случаи на асфиксија, кои изгубија дел од кислородот на терен. Не беа во тешка состојба, само ги превезовме на стажантско одделение, добија помош. Имаше цивили кои доброволно укажаа помош и еден со повреда кој беше повреден со овие превозни средства, пренесен е на ортопедија, постои сомневање дека го скршил коленото – изјави доктор Ибиши.

Хеликоптерот на Одделот за воздухопловни единици, „Бел 212“, за кој МВР набави најсовремена опрема со која се оспособи за гаснење пожар, веќе активно работи на гасење на пожарот кој утрово настана во магацин за складирање на производи на тетовска фабрика, а на лице место од моментот на пријавување на пожарот, покрај надлежните полициски екипи, се и полициски службеници од сите полициски одделенија на подрачјето на СВР Тетово, со цел обезбедување на поширокиот простор, како и припадниците на сообраќајната полиција кои го регулираат сообраќајот околу фабриката.

„Министерството за внатрешни работи заедно со Одделот за воздухопловни единици, за потребите на Хеликоптерската единица за полициски намени, која во рамки на МВР постои од 1969 година и е опремена со 3 хеликоптери марка „Бел“, ги препозна потребите на државата за поуспешно справување со пожарите, а со тоа и подобра заштита на граѓаните и имотот“, напиша МВР на својот профил на Фејсбук.

Катастрофалните пожари од 2021 година беа сигнал за МВР да набави најсовремена опрема со која хеликоптерите се оспособуваат за гаснење на пожар, со што ќе можат да одговорат на потребите на граѓаните.

„Се набави едно ведро за „Бел 212“ и Симплекс резервоар за „Бел 412“. Со овој чекор МВР преку Одделот за воздухопловни единици се оспособи за уште една задача во служба на граѓаните. За да се овозможи успешно користење на опремата беше спроведена меѓународна обука од словенечката полиција, и тоа за носење подвесен товар и за гаснење пожари. Обуката успешно ја завршија сите пилоти на Хеликоптерската единица за полициски намени. Овој пример е уште еден доказ дека МВР е сервис на граѓаните и тоа е веќе имплементиран начин на работа во сите сегменти на полициското работење, а заштитата и безбедноста на граѓаните е наш приоритет“, се наведува од МВР на профилот на Фејбук.

Поврзани содржини