Почина скопјанка, од 762 тестирања новозаразени се 109
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 422 оздравени пациенти, од кои 173 се од Скопје.
Во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на ковид-19. Дваесет новозаболени има во Скопје, во Куманово 16, 13 во Штип, еден во Прилеп, тројца во Тетово, по двајца во Струга и во Охрид, Велес 4, Битола 1, 15 во Кавадарци, десет во Гостивар, по еден во Гевгелија, Неготино и Демир Хисар, по двајца во Радовиш и во Македонски Брод, тројца во Виница, пет во Свети Николе и седум во Кичево, информира Министерството за здравство.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 422 оздравени пациенти, од кои 173 се од Скопје.
Почината е 70-годишна пациентка од Скопје во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11942, бројката на оздравени пациенти е 8087, на починати е 528, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3327.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, како и 7 пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Можеби ќе ве интересира