Еден починат, десетмина заразени и петмина оздравени
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.770, бројката на оздравени пациенти е 150.123, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 160, се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Еден починат, десетмина новозаразени и петмина оздравени пациенти од ковид-19 во последното деноноќие, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Како што е наведено во соопштението, во последните 24 часа се направени 2.960 тестирања, а петмина новозаразени се од Скопје, четворица од Тетово и еден од Битола.
„Регистрирани се 5 оздравени пациенти од: Скопје – 3, Крива Паланка и Берово – по 1. Регистриран е еден починат пациент од Струмица (64), во болнички услови. Направени се 2.960 тестови преку: ИЈЗ-102, ЦЈЗ Скопје-50, ЦЈЗ Битола-32, ЦЈЗ Прилеп-27, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово–17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–23, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-67, Авицена-253, Биотек-174, Систина-96, лабораторија Лаор-158, Синлаб-17, Ремедика-21, Плодност–18, Генеа–10, Никоб лаб-704, ВФВ Медикал-35, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.133. Досега во земјата се направени вкупно 903.125 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.770, бројката на оздравени пациенти е 150.123, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 160“, се вели во соопштението.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)