Еден починат, четворица новозаразени и 14 оздравени пациенти од ковид-19

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.540, бројката на оздравени пациенти е 149.642, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 426, наведено е во соопштението на Министерството за здравство.

583

Тројца скопјани и еден прилепчанец се новозаразени со ковид-19 во последните 24 часа од направени 1.337 тестирања, соопшти Министерството за здравство.

Во соопштението е наведено дека регистрирани се 14 оздравени пациенти од Скопје – 8, Куманово – 3, Прилеп, Неготино и Македонска Каменица – по 1, а пријавено е само едно починато лице. Станува збор за 66-годишен пациент од Скопје, кој починал во болнички услови.






„Направени се 1.337 тестови преку: ИЈЗ-28, ЦЈЗ Скопје-27, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-128, Авицена-81, Биотек-157, Систина-115, лабораторија Лаор-0, Синлаб-14, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, Никоб лаб-141, ВФВ Медикал-49, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 597. Досега во земјата се направени вкупно 835.436 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.540, бројката на оздравени пациенти е 149.642, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 426“, наведено е во соопштението на Министерството за здравство.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови:

Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 68614, Активни 183
Куманово 8868, Активни 49
Прилеп 8319, Активни 33
Тетово 7232, Активни 28
Битола 6304, Активни 18
Велес 5471, Активни 3
Гостивар 5180, Активни 14
Кавадарци 5153, Активни 0
Охрид 5011, Активни 19
Штип 4959, Активни 2
Струмица 4113, Активни 6
Струга 2981, Активни 4
Кочани 2791, Активни 4
Кичево 2578, Активни 26
Гевгелија 2195, Активни 3
Неготино 2184, Активни 3
Свети Николе 1523, Активни 1
Ресен 1234, Активни 0
Крива Паланка 1222, Активни 2
Радовиш 1161, Активни 7
Берово 1029, Активни 0
Делчево 972, Активни 4
Дебар 941, Активни 2
Виница 886, Активни 5
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 666, Активни 1
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 1
Демир Хисар 400, Активни 3
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 376, Активни 3
Македонски Брод 359, Активни 1
Пехчево 268, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 1
Дојран 132, Активни 0
Поврзани содржини