Еден починат, 14 новозаразени и 20 излекувани од ковид-19

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.586, бројката на оздравени пациенти е 1.099, на починати е 90, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.

842

Еден починат и 14 новозаразени со ковид-19 е билансот во изминатото деноноќие, информира Министерството за здравство.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово на возраст од 61 година, хоспитализиран на 28 април. Во изминатите 24 часа направени се 242 тестирања, а потврдени се 14 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје 5, Прилеп 2, Тетово 1 и Велес 6. Институтот за јавно здравје регистрира 20 оздравени пациенти во: Скопје 1, Куманово 9, Прилеп 2, Велес 7 и Битола 1.






Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.586, бројката на оздравени пациенти е 1.099, на починати е 90, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397. Последната дистрибуција по градови е: Скопје 531, активни 130, Куманово 404, активни 61, Дебар 51, нема активни,  Штип 35, активни 2, Прилеп 169, активни 62, Тетово 96, активни 42, Струга 67, активни 16, Велес 101, активни 46, Битола 22, активни 3, Охрид 15, активни 9, Кавадарци 5, активни 1, Гостивар17, активни 3, Гевгелија 4, нема активни, Струмица 2, нема активни, Крива Паланка  6, активни 2, Радовиш  4, нема активни, Крушево 3, нема активни, Кочани 31, активни 5, Пробиштип 2, нема активни, Кичево 2, активни 1, Неготино  9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар 1, нема активни, Македонски Брод 2, активни 1, Пехчево 2, активни 2, Делчево 1, активни 1, Валандово  1, активни 1, Виница 2, активни 1,  Кратово 1, активни 1.

Направените 242 теста се преку: ИЈЗ 107, Ветеринарен ф-тет 11, Авицена 3, Биотек 38, Клиника „Жан Митрев“ 42, Систина со PCR метода  22 и МАНУ 19.  Досега во земјата се направени вкупно 1.8410 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 пациенти со потешка клиничка слика, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 16, а на механичка вентилација 4 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 4 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 20. На респираторна машина се 2 пациенти и уште 2 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекува 1 пациент, а на домашно лекување се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 5, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово сe хоспитализирани 46 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

 

Поврзани содржини