Еден почина, 40 нови заболени со ковид-19 денеска во Македонија

2,325

Еден пациент почина, а регистрирани се 40 нови случаи на ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во Скопје состојби почина 56-годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 12 мај.






Во изминатите 24 часа направени се 549 тестирања, а регистрирани се 40 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје 26, Куманово 1, Прилеп 1, Тетово 10, Велес 1, Битола 1.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти во: Скопје 2, Штип 1, Прилеп 4, Велес 2, Кочани 2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.898, бројката на оздравени пациенти е 1.378, на починати е 111, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 409.

Направените 549 теста се преку: ИЈЗ 302, Ветеринарен факултет 25, Авицена 24, Биотек 36, Клиника „Жан Митрев“ 42, Систина со PCR метода 26 и МАНУ 94. Досега во земјата се направени вкупно 23.316 тестирања на ковид-19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 209 теста се во рамките на скринингот. Денеска е потврден 1 позитивен случај на вработен во градинка во Скопје.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 7 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 49 пациенти. На кислородна поддршка се 19, на механичка вентилација се двајца пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 25 пациенти. На респиратор се тројца, a со потешка клиничка слика се уште двајца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште тројца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 45 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Поврзани содржини