Еден осомничен за пукањето на Пластичарска
Кога во продавницата биле присутни должникот, неговиот брат и неговиот татко, настанала вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент, осомничениот извадил пиштол марка Beretta со калибар 9 мм и испукал истрел. Притоа го погодил оштетениот – татко на должникот во пределот на ногата и му нанел тешка телесна повреда. Осомничениот и неговиот брат избегале од местото на настанот, соопшти ОЈО.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела „тешки дела против општата сигурност“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, а надлежен јавен обвинител му изрече забрана за напуштање на живеалиштето.