📽️ 📷 ЕДЕН ОД НИВ Е МАКЕДОНСКИ ЗЕТ И ГОВОРИ МАКЕДОНСКИ Запознајте ги пилотите што гасат пожари низ Македонија
Ненад Дубљевиќ капетан – прв пилот на хеликоптер Бел 412 во Воено Воздухопловство на Црна Гора откри дека учел и живеел во Македонија, затоа зборува македонски јазик, а и неговата сопруга е Македонка.
Синоќа директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на пилотите од Романија, Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора кои се борат против огнената стихија им додели благодарница и прогоден подарок карактеристичен за Македонија.
Ангелов разговараше со двајца од нив, а Црногорецот Ненад Дубљевиќ е пилот на хеликоптер, кој пет години се обучувал во Македонија, каде го научил македонскиот јазик, а се оженил и со Македонка.
Ненад Дубљевиќ капетан – прв пилот на хеликоптер Бел 412 во Воено Воздухопловство на Црна Гора кој неколку дена дејствува врз пожарите низ Македонија разговараше со Ангелов при што на македонски јазик кажа дека најголем проблем се пожарите во високите борови шуми.
Дубљевиќ откри дека учел и живеел во Македонија, затоа зборува македонски јазик, а и неговата сопруга е Македонка.
Мајор Новаковиќ Бранимир пилот на КАМОВ КА32 (ЦРВЕНИОТ ЅВЕР) од Мнистерството за внатрешни работи на Република Србија исто така разговараше со Ангелов и објасни детали за рускиот хеликоптер КАМОВ КА32 кој Србија го прати на помош во Македонија.