„ЕДЕН ОД НАС Е УБИЕН“ Орбан бара одговорност за смртта на Унгарец наводно претепан од украински регрути

Украинските власти тврдат дека Жожеф Шебештијен бил регрутиран откако поминал лекарски преглед, а 4 дена подоцна самоволно ја напуштил воената единица. Подоцна бил хоспитализиран поради стрес, а според форензичкиот наод, починал на 6 јули од пулмонална емболија, без видливи траги од насилство. Киев ги отфрла обвинувањата за злоставување, присилна мобилизација или за повреди на човековите права и повикува на воздржаност од ширење непотврдени и емоционални тврдења.

1,927

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, остро ја осуди присилната мобилизација во Украина, повикувајќи се на случајот со 45-годишниот Жожеф Шебештијен од Закарпатија, за кого се тврди дека починал откако бил претепан од украински регрутери, објави порталот Ремикс.

Говорејќи на Радио Кошут, Орбан посочи дека жртвата била унгарско-украински државјанин и дека „е еден од нас“, Иако фронтот за многумина изгледа далеку, Орбан нагласи дека „војната се одвива во нашето соседство, а заканата е непосредна“.






– Земја во која може да се случи вакво нешто не може да биде дел од ЕУ. Овој случај мора да се истражи бидејќи вакво нешто не смее да се дозволи – изјави Орбан.

Според весникот „Маѓар Немзет“, Шебештијен бил приведен на улица од страна на полицајци во близина на Територијалниот регрутациски центар, присилно внесен во минибус и претепан со метални шипки. Починал 3 недели подоцна во болница.

Сестрата на починатиот објавила видео на кое, како што тврди, се гледа како нејзиниот брат е малтретиран од украински војници.

Телевизијата „Хир“ јави дека украинскиот амбасадор во Будимпешта, Шандор Феѓира, по консултации во унгарското МНР, изјавил дека располага со „неколку информации“ за случајот.

Украина ги демантира обвинувањата

Украинските вооружени сили соопштија дека Жожеф Шебештијен бил легално регрутиран на 14 јуни по положен лекарски преглед, доброволно ја напуштил својата единица на 18 јуни, а подоцна бил хоспитализиран со симптоми поврзани со стрес. Форензичкиот извештај утврдил дека починал од пулмонална емболија на 6 јули, без знаци на физички напад, објави Дејли Њуз Хангари.

Украина категорично негира какво било злоставување, присилна мобилизација или прекршување на човековите права. Државата повика на објективност и предупреди да не се шират непроверени или емоционално мотивирани тврдења, кои може да поттикнат дезинформации.

Случајот дополнително ги заостри веќе затегнатите односи меѓу Унгарија и Украина, особено во однос на третманот на етничките малцинства.

КОЛОСАЛНА ЗАБЛУДА Е ДЕКА УКРАИНА Е СПРЕМНА ЗА ЕУ Зеленски е инфлуенсер, а не лидер способен за војна, посочи Орбан

Поврзани содржини