Еден од најконтроверзните голмани се кандидира за – претседател на својата земја!
Иако изборите се за три години, Чилаверт најави дека наскоро ќе ја објави програмата за економско закрепнување на државата.
Еден од најконтроверзните голмани на светот, а истовремено и еден од најдобрите голгетери меѓу чуварите на мрежата, Хосе Луис Чилаверт (55) ќе влезе во политиката, затоа што најавил дека за три години ќе се кандидира за претседател на Парагвај.
Парагвајците во 2023 година ќе излезат на избори за да изберат нов претседател на својата земја, а Чилаверт веќе преку социјалните мрежи уште сега ја најави кандидатурата.
— José Luis FelixChilavert Gonzalez (@JoseLChilavert_) December 24, 2020
– Јас сум горд што сум Парагваец. „Ел Чила“ за претседател во 2023 – објавил легендарниот голман.
Чилаверт три пати беше наградуван од ФИФА за најдобар голман, а љубителите на фудбалот се сеќаваат на неговите бравури меѓу диреците, но и по атрактивните голови кои ги постигнуваше. Во кариерата даде 54 гола за клубовите, а осум за репрезентацијата и со Бразилецот Рожерио Сени се – најдобрите голгетери меѓу голманите.
Иако изборите се за три години, Чилаверт најави дека наскоро ќе ја објави програмата за економско закрепнување на државата.