Еден од најдобрите играчи во НБА ја испофали Хрватска и Дубровник: Храната е одлична, а земјата прекрасна

435

Меџик Џонсон, еден од најдобрите НБА играчи на сите времиња, ја посети Хрватска ова лето со сопругата. На радост на многубројните обожаватели кои ги сретна на патувањата низ Дубровник, Сплит, Хвар, Скрадин, Корчула и водопадите Крка, пензионираниот кошаркар помина неколку недели истражувајќи ги убавините на Хрватска.

Тој на Твитер објави фотографија од одморот во Корчула и напиша:






„Јас и сопругата само што се вративме од Хрватска и топло им ја препорачуваме на сите! Храната беше фантастична, а земјата е едноставно прекрасна!“, Им порача Џонсон на своите следбеници на твитер.

 

Поврзани содржини